Севернокорејскиот лидер Ким Џонг ун упати критики за новата популарна серија Squid game и рече дека таа го отсликувала ѕверското капиталистичко друштво во Јужна Кореја.
Тој вели дека причината зошто оваа серија станала популарна кај гледачите е затоа што ја отсликува реалноста на капиталистичкото општество во Јужна Кореја. Во оваа земја секојдневно има екстремна конкуренција за опстанок и е забележана сè поголема алчност кај слабите.
Во серијата се прикажани стотина луѓе кои се приморани да живеат со неподносливи долгови и да се убиваат во брутален натпревар за на крајот еден од нив кој ќе преживее, да ја освои огромната парична награда.
Луѓето го прават тоа не разбирајќи ја тажната реалност во ѕверското јужнокорејско општество, во кое човекот е доведен во екстремна конкуренција и неговата човечност е речиси избришана, вели Ким.
Тој објаснува дека во серијата е отсликано општеството во кое владее тиранијата и самоволието на оние што се на власт. Тоа е претставено преку имиџот на богатиот човек, кој е организатор на играта и кој ужива во ужасното убивање на луѓето,.
Тоа предизвикува гнев кај сите поради нееднаквото општество во кое луѓето се третираат како шахисти, вели Ким. Јужнокорејското општство во моментов е такво, во кое има голем број на губитници кои се во трка по пари.
Има голема конкуренција за време на вработувањето, купувањето на недвижности и акции. Ким вели дека реалноста да се живее во свет во кој луѓето се судат само со пари е проклетство и дека тие ги искажуваат своите чувства преку ужасот во пеколот.