Поради поплавите кои ја зафатија Индија во изминатите денови, еден пар на својата венчавка пристигна пловејќи на лонци. Тие пловеа низ градот во огромни лонци за готвење.
Поплавите во Индија беа предизвикани од големите дождови и ги поплавија улиците и сообраќајниците во јужната држава Керала. Луѓето беа принудени да се снаоѓаат како знаат и умеат, а една двојка на својата венчавка дојде во огромни лонци за готвење.
На снимките се гледа како тие пловат низ патот додека други ги влечат и снимаат, пренесува „Гардијан“. Лонците велат дека ги позајмиле од локален храм и дека тоа им била единствена достапна опција за краток рок, пренесува индиската новинска агенција PTI.
Велат дека поплавите не ги спречиле да ја направат венчавката и дека не сакале да ја одложат, иако досега загинале најмалку 27 луѓе. Организаторот на венчавката рече дека младенците стигнале безбедно и дека биле суви. Тие се венчале во малиот поплавен храм Талавадија, каде била направена традиционалната хиндуистичка церемонија.
„Нашата венчавка се претвори во нешто што не можевме да го замислиме“, рече подоцна невестата за локалните медиуми. Како што пренесуваат локалните медиуми, Акаш и Аишварја биле медицински работници во болница.
So this couple from Alappuzha district in Kerala used a large cooking vessel to wade through the flood water to get to their wedding venue. Even the wedding venue was flooded, but fortunately they managed to get married without missing the muhurtham time 🙂 pic.twitter.com/mqldzgKIkd
— Shilpa (@Shilpa1308) October 18, 2021