Трендовите доаѓаат и си одат. Покрај класиката што се носи од сезона во сезона, има парчиња кои, според експертите, имаат свој рок на траење. Модните стилисти издвоија пет есенски трендови што треба да ги оставиме во минатото и да ги замениме со некои нови парчиња.
Се разбира, се работи само за мислења, односно сугестии, а не строги правила, и секој треба да го земе предвид својот личен стил и да го носи она во кое се чувствува најдобро. Ако сакате темни бои, носете темни бои, ако тренирката ви е омилена, нема причина да не ја носите повеќе.
Сепак, подолу издвоивме пет есенски трендови кои, според мислењето на стилисти, не треба да ги носиме оваа година.
Стари маици и тренирки
Пандемиската мода се фокусираше на сè што е поврзано со спортот, а стилистите велат дека сега светот на модата повторно цели кон посложен и дефиниран изглед. Според нив, тренирките треба да ги замените со фина плетка.
View this post on Instagram
Темни бои
Обично како што заладува, така нашата гардероба станува сè потемна, но оваа година, според стилистите, треба да носиме посветли бои, односно не треба целосно да ги напуштиме боите што го одбележаа изминатово лето.
Стилистите исто така препорачуваат да не ги избегнувате разиграните дезени и наместо темната плетка, да изберете некој во пастелна и светла боја.
View this post on Instagram
Комплет
Во годините зад нас, на пример, многу се носеа плетени комплети, како честа замена за тренирки. Но, како и тренирките, така треба и нив да ги оставите зад себе, велат стилисти. Наместо тоа, одберете плетен елек.
View this post on Instagram
Обични хеланки
Стилистите препорачуваат да не им отстапувате толку простор на хеланки во вашата гардероба оваа есен, како што тоа беше случај минатата сезона. Иако се удобни и лесни за комбинирање, сепак постојат и други парчиња кои се исто толку удобни и изгледаат одлично. Стилистите, на пример, препорачуваат удобни панталони слични на оние со машки крој. Одлично одат со плетени парчиња, како и со мокасини.
View this post on Instagram
Фустани со деколте
Стилистите веруваат дека времето на фустани со разни деколтеа поминало. Меѓу другото, температурите стануваат сè пониски, така што би можело да ви биде многу студено во него, дури и со јакна. Наместо тоа, изберете макси фустан. Тој им ласка на сите облици на тело, а беше и вистински хит изминатово лето. Стилистите советуваат да додадете оверсајз џемпер и чизми, така што ќе добиете совршена и удобна комбинација.
View this post on Instagram