Женската фудбалска репрезентација на Македонија ја оствари првата победа во квалификациите за Светското првенство, што ќе се игра во 2023 година во Австралија и Нов Зеланд. Македонските фудбалерки ја победија Летонија на гости со резултат 4-1.
Првиот гол за македонската репрезентација го даде Рочи во 9. минута, а на 2-0 зголеми капитенот Наташа Андонова од пенал во 28. минута. Две минути подоцна домаќините намалија на 2-1 со голот на Баличева. Македонските фудбалерки беа подобри и во второто полувреме, па Максути во 51. минута зголеми на 3-1, а конечниот резултат го постави Андонова, повторно од пенал.
Во претходните два натпревара Македонија загуби од Англија со 8-0 и од Австрија со 6-0. Следниот натпревар ќе го играат на 27 октомври (вторник) против Луксембург.