Прва победа на македонските фудбалерки во квалификациите за Светското првенство

Женската фудбалска репрезентација на Македонија ја оствари првата победа во квалификациите за Светското првенство, што ќе се игра во 2023 година во Австралија и Нов Зеланд. Македонските фудбалерки ја победија Летонија на гости со резултат 4-1.

Првиот гол за македонската репрезентација го даде Рочи во 9. минута, а на 2-0 зголеми капитенот Наташа Андонова од пенал во 28. минута. Две минути подоцна домаќините намалија на 2-1 со голот на Баличева. Македонските фудбалерки беа подобри и во второто полувреме, па Максути во 51. минута зголеми на 3-1, а конечниот резултат го постави Андонова, повторно од пенал.

Во претходните два натпревара Македонија загуби од Англија со 8-0 и од Австрија со 6-0. Следниот натпревар ќе го играат на 27 октомври (вторник) против Луксембург.

Scroll to Top