Поранешен висок официјален претставник од известувачките служби, кои сега живее во егзил, Сад ал Џабри (62), го обвини престолонаследникот Мухамед бин Салман дека сакал да го убие кралот Абдулах со отровен прстен.
Тој го обвини Саламан дека работел против кралот и дека бил психопат без никакви емоции. Ал Џабри во емисијата на американската телевизија CBS “60 минути“, раскажа интересни детали за саудискиот принц и тврди дека има докази дека Мухамед планирал да го убие кралот со отровен прстен кој му бил донесен од Русија.
Поранешниот известувач му бил лојален на некогашниот владетел Мухамед бин Најед, а кога тој бил симнат од власт, во 2017 година морал да побегне во Канада.
Ал Џабри тврди дека Мухамед бин Салман, кого многу држави го сомничат дека го организирал убиството на новинарот Џамал Кашоги, испратил и таканаречен одред на смрт во Канада во 2018 година, за да го убие и него.
Тој вели дека двете деца му биле држени во заложништво во Саудиска Арабија, поради што морал да се обрати во емисија и да побара помош од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден за нивно ослободување.
Саудискиот суд двете негови возрасни деца, Сара и Омар, ги ставил во затвор поради обвинение за перење пари и заговор да го напуштат кралството по незаконски пат. Наводно, бил уапсен и неговиот зет, кој потоа бил мачен додека бил држен како заложник, а се сомнева и дека бил камшикуван повеќе од 100 пати.
Во емисијата се појавил и синот на Џабријев, Халид, но и поранешниот директор на ЦИА, Мајкл Морел. Инаку голем број компании поврзани со Садуска Арабија, го тужеле Ал Џабри за наводни финансиски малверзации, тврдејќи дека проневерил повеќе од 3 милијарди долари, додека работел за Мухамед бин Најед.
Одма на почетокот на интервјуто јасно им ставил до знаење на сите што мисли за престолонаследникот на Саудиска Арабија.
„Тука сум да предупредам на психопатот, убиецот од Блискиот исток кој има непрегледни ресурси кои претставуваат закана по неговиот народ, Американците и целиот свет“, рече тој.
Тој го обвини и владетелот за голем број злосторства, како и за обид за убиство на кралот Абдулах во 2014 година. Наводно Мухамед бин Салман му се пофалил: „Сакам да го тргнам од престолот Абдулах. Ќе набавам прстен со отров од Русија. Доволно за да се ракувам со него и готов е“, му рекол тој.
„Очекувам еден ден да ме убие Мухамед бин Салман. Нема да се смири додека не ме види мртов. Тој се плаши од она што јас го знам“, му порача Ал Џабри.
И покрај тоа што бегалецот од Саудиска Арабија се стекнал со голем број обожаватели меѓу американските известувачки кругови, тоа не го спречило одреден број компании го тужат.
На прашањето на водителот како толку се збогатил, доколку не проневерил многу пари, Ал Џабри рекол дека неговата служба во кралското семејство била платена во дивиденди.
„Беа фини кон мене. Многу великодушни, тоа е обичај во кралското семејство. Водат сметка за луѓето од нивното опкружување“, објаснил тој и вели дека неговата глава била уценета.
По емотивното интервју, се огласи и Амбасадата на Саудиска Арабија во Вашингтон.
„Саад ал Џабри е дискредитувано поранешно владино официјално лице со долга историја на лажирање на информациите и попречувања, како би ги сокрил финансиските злостори кои ги направил, а кои достигнуваат и суми од милијарди долари, благодарение на кои тој сега ужива во луксуз со своето семејство. Тој не ги негира кривичните дела, туку сугерира дека било прифатливо да го прави тоа што го правел во тоа време. А сега вели дека тоа не било прифатливо ниту тогаш, ниту сега“, навеле тие во соопштението.
Мухамед бин Салман од доаѓањето на власт во 2018 година, станал водечки извозник на нафта и клучен сојузник на САД.