Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли периодов е мошне актуелна во светските медиуми, а причината за тоа е премиерата на филмот „Eternals“.
Деновиве таа носеше најразлични модни комбинации, кои најчесто ја истакнуваа витката линија на нејзиното тело. На премиерата во Лондон, актерката се одлучи за креација од францускиот бренд „Валентино“, која е дел од нивната колекција за Висока мода, од сезоната есен-зима 2018.
Фотографот Мисан Хариман објави дел од фото-сесијата со Џоли. За кратко време неговите објави добија голем број лајкови и позитивни коментари. Повеќето се сложија дека актерката изгледа одлично, додека други искоментираа дека таа би можела да послужи како инспирацијата за нова „Дизни принцеза“.
View this post on Instagram