(Видео) Напаѓачот од Токио опседнат со Џокер, сакам да убивам луѓе и да ме осудат на смрт

Момчето кое беше уапсено по нападот со нож во воз во Токио и кој повреди 17 луѓе рече дека му е жал само затоа што не убил никого и дека од порано сакал да биде осуден на смрт. 24-годишниот Кјота Хатори во неделата бил уапсен на лице место поради обид за убиство.

Кјота нападнал и повредил 17 лица во воз во Токио кој патувал од Хачиоџи, на западот од престолнината, кон Шинџику, прометна станица во центарот на Токио. Нападот се случил за време на Ноќта на вештерките. Некои од патниците се обиделе да побегнат низ прозорите од возот.

Полицијата во вагонот пронајде и нож и неколку пластични шишиња, во кои најверојатно му биле гориво за полнење на запалката. Кјота им рекол дека бил опседнат со ликот на негативецот во Бетмен, Џокер, и дека уште од јуни размислувал да биде осуден на смрт, пренесува „Ројтерс“.

За време на нападот тој бил облечен во зелена кошула и виолетово одело и многу наликувал на Џокер. Два часа пред инцидентот, Хатори го посетил местото Шибуја, каде биле собрани голем број маскирани лица и каде се одржувала журка за прославата на Ноќта на вештерките.

Еден 70-годишен маж е во критична состојба, откако Хатори го прободел со нож во градите, додека се возел со возот околу 20 часот. Осомничениот наводно подметнал и пожар.

Останатите 16 жртви, меѓу кои имало и тинејџери, но и луѓе на 60-годишна возраст, се здобиле со полесни повреди. Полицијата во вагонот пронашла и нож и неколку пластични шишиња, во кои најверојатно му биле гориво за полнење на запалката.

По инцидентот од Министерството за сообраќај побарале од сите железнички компании во Јапонија да ги зголемат мерките на внимателност за да се обезбеди поголема сигурност.

 

 

Scroll to Top