Колку сечата на шуми допринесува за климатските промени

Светските лидери кои се собраа на климатскиот самит COP26 во Глазгов ветија дека ќе ја сопрат сечата на шуми и дека ќе се активира пошумување до 2030 година. Климатските активисти од друга страна велат дека не се оптимисти дека овие ветувања ќе бидат исполнети.

Тие во повеќе наврати ги изневериле нивните очекувања и дека и претходно имало обиди за заштита на шумите, но малку е направено по тоа прашање.

Колку сечата на шуми е сериозна денес?

Шумите апсорбираат огромна количина на јаглерод диоксид, кој е главен фактор кој допринесува за глобалното затоплување, така што сечата на дрва може да има големо влијание на климатските промени.

Обединетите нации велат дека 420 милиони хектари шума се изгубени од 1990 година, а главната причина за тоа е земјоделството и проширување на обработливото земјиште. И претходно имало обид да се зашитат шумите.

ОН во 2014 година објави договор за преполување на сечата на шуми до 2020 година и завршување со таа акција до 2030 година. Потоа во 2017 година поставена е цел за зголемување на земјиштето под шуми за 3 проценти ширум светот до 2030 година.

Сепак сечењето продолжи со алармантна брзина, е наведено во извештајот од 2019 година и тоа предизвика сериозни последици во борбата против климатските промени.

Имало и пошумувања, природни одгледувања или садења, но, на дрвата им се потребни години за да се развијат пред да почне да апсорбираат CO2.

Во текот на изминатите децении и понатаму губевме 4,7 милиони хектари шуми годишно, а најтешко се погодени Бразил, Демократската Република Конго и Индонезија.

Околу 60% од амазонските прашуми се наоѓаат во Бразил и тие играат значајна улога во апсорцијата на штетниот CO2, кој инаку би отишол во атмосферата.

Откако е забележан константен пад од 2004 година, сечата на шуми во бразилска Амазонија повторно порасна, навеле од Националниот институт за вселенски истражувања INPE. Стапката на сеча на шумите, како што е наведено во 2020 година била најголема во последната деценија.

Сечата на шуми во Бразил

Претседателот на Бразил, Жаир Блосонаро им рече на ОН во август оваа година дека сечата на шумите во неговата земја е во пад во однос на 2020 година. Но, стапката на сеча на шуми и понатаму е висока отколку што била пред тој да стане претседател.

Имазон, истражувачки институт фокусиран на Амазон, вели дека неговите податоци не покажуваат дека стапката на сеча на шуми оваа година е забавена.

Балсонаро често го критикувале поради политиката која не е во согласност со зачувување на животната средина, како што се поттикнување на земјоделството и рударството во Амазонија.

Тој го намали финансирањето на владините агенции кои се задолжени за кривично гонење на фармери и дрвосечи кои го кршат законот за животната средина. Казните за нелегалната сеча е намалена за 20 % во однос на 2020 година.

Точните бројки не се достапни, но неодамна се спроведени студии кои покажуваат дека дури 94 % од сечата на шуми и уништување на живеалиштата во Бразил е незаконито. Бразил не е единствената земја која е одговорна за сечењето на шумите во Амазонија. За тоа придонесуваат и соседните земји, вклучувајќи ја и Боливија. Минатата година оваа земја останала без речиси 300.000 хектари тропска шума, што ја смести на 4 место по стапката на сечење на дрва.

Басенот на Конго

Шумскиот басен Конго е втората по големина прашума во светот. Повеќе од нејзината половина се наоѓа во Демократската Република Конго. Меѓународното здружение на еколошки активисти Гринпис истакнува дека илегалната сеча, која ја спроведуваат малите и големи компании, доведе до брзо исчезнување на шумата.

Иако САД и ЕУ забранија увоз на илегални стебла, тие и понатами се криумчарат и се изнесуваат од земјата. Друг фактор кој допринесува до засинелно сечење на шумите е земјоделството, правењето на јаглен и горива, проширување на урбаните средини и рударството.

Во изминатите пет години, годишниот губиток на шуми изнесувал речиси половина милион хектари, според податоците на Global forest watch. Претседателот Феликс Чисекеди наредил минатиот месец ревизија на некои дозволи за сеча на јавни шуми вклучувајќи ја и една за повеќе од 1,4 милиони хектари, поради наводи за корупција. Активистите го поздравија овој потег.

Но, претходно оваа година, владата направи и план за укинување на забраните од 2002 година, на новата сеча, иако тој сè уште не е спроведен. Од Гринпис велат дека тоа било во спротивност со ветувањата кои се дадени претходно оваа година, а кои се однесувале на заштитата на шумата и зголемување на шумскиот простор за 8 %.

Индонезија и плантажи со палмово масло

Индонезија се наоѓа меѓу првите пет земји во светот по губењето на шумите во последните две децении. Според податоците на Global forest watch, земјата меѓу 2002 и 2020 година, изгубила 9,75 милиони хектари шуми.

Претседателот Џоко Видодо вети дека во 2014 година ќе го сузбие сечењето на шуми, така што ќе се фати во костец со главната причина за тоа, сечата со цел да се направи простор за платажи на јаглени палми.

Според официјалните податоци, повеќе од 80 % од пожарите се подметнати само за таа цел. Рекордни 920.000 хектари шума исчезнале во 2016 година, но од тогаш стапката на сеча е во постојан пад. До 2020 година, годишно се губат 270.000 хектари шума.

Претседателот Видодо во 2019 година, издал тригодишен мораториум на новото сечење на шуми, кои покриваат околу 66 милиони хектари примарни шуми и тресети, а што оваа година е продолжено на неопределено време.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top