Фустанот кој пејачката Ејми Вајнхаус го носеше на нејзиниот последен концерт во јуни 2011 година во Белград е продаден на аукција во саботата за цена од 243.000 долари. Оваа сума е 16 пати поголема од неговата почетна цена.
Британската пејачка која почина на 27 години борејќи се со тешката зависност од алкохол и дрога, на тој концерт дојде во пијана состојба. Турнејата и беше откажана, а Ејми почина месец дена подоцна. Таа вечер Ејми носеше зелено-црн фустан со мотици на цвеќе и бамбус.
Фустанот го изработи стилистката Наоми Пери. Аукциската куќа Julien’s Auctions очекувала првично дека цената ќе достигне од 15.000 до 20.000 долари.
На продажбата биле понудени облека, модни додатоци, музички инструменти, книги и носачи на звук. Организаторите очекувале дека ќе соберат вкупно два милиони долари, но на крајот биле понудени предмети кои продадени за повеќе од четири милиони.
Меѓу нив била и облеката на Ејми, рачно пишани белешки и останати додатоци кои станале дел од нејзиниот имиџ. Црвената кожна торба во облик на срце, со потпис на модната куќа Moschino, која Вајнхаус ја носела на доделувањето на Brit Awards во 2007 година, кога ја освои наградата за најдобра соло уметничка, била продадена за 204.800 долари, што е за 13 пати повеќе од проценката, а златниот фустан на модниот двоец „Дојче и Габана“ достигна цела од 150.000 долари, што е за 30 пати повеќе од цената на која се надевале дека ќе биде достигната.
Комбинезонот Temperley London, кој пејачката го носеше на настап во чест на прославата на 90 роденден на Нелсон Мандела е продаден за повеќе од 121.000 долари. Пред продажбата истиот бил проценет на 1000 долари.
Штиклите со потпис на Кристијан Лобутин, кој таа го несеше за истата пригода, беше продаден за 38.400 долари или за цена за 64 пати повисока од првично очекуваната. Двата пара од нејзините балетанки, биле продадени за 12.500 и 19.200 долари, а металната улична плоча со натпис Camden Square на која обожаватели по нејзината смрт со рака ги пишувале нејзините посвети е продаден за 19.200 долари.
Приходот од продажбата на предметите на пејачката ќе бидат наменети за фондацијата која ја оформиле нејзините родители, во знак на сеќавањето на прерано починатата ќерка, а средствата би требало да бидат наменети за помош на лечење на млади луѓе кои се зависници.
За потсетување Вејнхаус почина во јуни 2011 година, од труење со алкохол, по долгогодишната битка со зависноста.