Маска со цимет за побујна коса

Студените есенски денови бараат и повеќе да внимаваме на негата на косата, а една од најдобрите маски за регенерација на косата е маската со цимет.

Овој чудесен зачин ја храни косата, го активира нејзиниот раст и ја прави поздрава, посјајна и побујна. Циметот содржи антиоксиданси, витамини и минерали, кои може да ја подобрат состојбата на скалпот. Состојките што ги содржи помагаат во регенерација на оштетената коса, но и го стимулираат нејзиниот раст. Циметот е познат и како зачин што ја спречува косата да паѓа.

Ви пренесуваме рецепт за едноставна маска со цимет, која ќе ја регенерира сувата коса, но и ќе ја поттикне косата побргу да расте. Сè што ви треба од состојките за овој мевлем за коса веројатно веќе ги имате дома.

Состојки:

  • помала чаша јогурт
  • 1 лажица цимет во прав
  • 1 жолчка

Измешајте ги јогуртот и циметот додека не добиете изедначена смеса, а потоа додадете ја жолчката и убаво измешајте. Нанесете ја маската на вашата коса и нежно масирајте така што ќе ја покриете косата од скалпот до врвовите. Потоа ставете капа за туширање и оставете ја маската да стои половина час. Потоа измијте ја косата со шампон како и обично.

Најдобро би било косата да се исуши природно по оваа маска, а доколку користите фен, тогаш исушете ја косата со најмала сила.

По нанесувањето на оваа маска, косата ќе биде сјајна и мазна, а и ќе изгледа здраво.

Ако ја користите оваа маска еднаш неделно два до три месеци по ред, вашата коса ќе почне да расте многу побрзо, а во исто време да стане посјајна и побујна.

Scroll to Top