Турскиот глумец Бурак Озџивит, познат како Бали-бег, би можел да заврши во затвор за навреда на честа на сценографот и уште тројца членови од тимот со кој ја снимале серијата „Курулус Осман“. Тие го тужеле за навреда на честа. Тој на снимањето ги нарекувал со погрдни имиња.
Медиумите пренесоа дека тие се обиделе првин мирно да го решат проблемот, но не постигнале договор, па сега Озџивит во наредните денови ќе сведочи пред судија.
Доколку биде обвинет, го чекаат четири години зад решетки. Но, последниот збор ќе го даде Третиот суд во округот Бејкоз во Истанбул. Глумецот на почетокот ги негирал обвинувањата иако имало сведоци што можеле да го потврдат спротивното.