Еден од најпопуларните автомобили од времето на поранешна Југославија, легендарната „застава 101“, слави 50-ти роденден. Заставата заедно со култното „фиќо“ го одбележаа возниот парк на голем број жители на поранешните републики на Југославија.
На 16 ноември 1971 година беше произведен првиот примерок во фабриката во Крагуевац. Конкуренција на овој автомобил во техничка смисла беа Peugeot 204/304, Simca 1100, Austin 1100/1300. Овој автомобил се продавал по иста цена како и Renault 12, па и Citroenov.
Тогашната продажба и опременост ги следеа стандардите на 70-тите години. За тоа сведочи и рекордната бројка на 88.918 произведени примероци во 1979 година, што претставува сон за еден модерен FCA во Крагуевац на годишно ниво.
„Застава 101“ го задржа вниманието на купувачите, без каква било реклама цели 20 години. Кариерата си ја заврши на 21 ноември 2008 година како втор најевтин автомобил во целиот свет.
Зад моделот „застава 101“ стои Данте Џијакоса, кој е креатор на некои од најуспешните модели на Fiat, меѓу кои се 500, 600, 1.100 и 128. Тој почнал да работи во Fiat веднаш по завршување на студиите и од првиот ден бил голем визионер.