Фудбалерот на Зимбабве, Тандаиј Ндоро, остана без своите милиони што ги имал заработено во кариерата поради сопругата Тандо Масеко. Откога ѝ препишал сè, таа го оставила. Најголем дел од парите тој ги заработи играјќи за оманскиот клуб Ал Орууба.
Кога се запознале со Масеко, таа работела како модел. Ндоро бил сигурен дека со неа ќе биде засекогаш, па сите пари што ги имал, како и недвижностите и автомобилите, ѝ ги препишал. Кога го направил тестаментот, таа поднела барање за развод и му зела сè.
Ндоро бил приниден да прогласи банкрот и сега едвај спојува крај со крај. Вели дека тешко му е сега повторно да заработува од фудбалот затоа што е во поодминати години.
„Бракот им беше ужас. Секогаш се караа, а тој и покрај тоа, сè препиша на нејзино име. Кога бракот се распадна, таа му зеде сè и поради тоа, тој моментно е во многу тешка финансиска ситуација“, рече извор близок до Ндоро.