Сопствениците на еден стриптиз клуб во Лас Вегас морале да ја откажат аудицијата затоа што се пријавиле над 1000 девојки и имало многу публика, пренесува „Дејли Мејл“.
Стриптиз клубот наскоро треба да се отвори во Лас Вегас, а организаторите, а командант на противпожарна служба ја откажал аудицијата откако забележал дека на истата се појавиле и премногу луѓе. Еден од домаќините ги потсетил сите на сличната ситуација со стампедото кое се случи во Невада на концертот на Тревис Скот.
Аудицијата за клубот „Ајс“ била одржана минатата среда во Хендерсон во Невада, недалеку од Вегас. За проблемот допринел и големиот број девојки кои се пријавиле. Имало дури 1000 потенцијални танчерки.
„Тука е премногу натрупано, морате да си одите дома. Сите видовте што се случи со концертот на Тревис Скот пред некоја вечер. Подобро да си ги спакувате работите и да си заминете“, им рекол организаторот на посетителите.
Стриптиз клубот претходно им посакал добредојде на луѓето кои сакаат да дојдат да ја погледаат аудицијата.
„Слободното дојдете и пријавете се. Ги поздравуваме сите и ги повикуваме да дојдат да ја погледаат аудицијата на нашите танчерки“, напишале тие на „Инстаграм“.