Последен со кој Епстајн зборувал на телефон во затвор била девојка од Источна Европа, а на затворскиот психолог му кажал дека нема причина да се убие

Милијардерот педофил Џефри Епстајн, во последните часови од неговиот живот во затворот имал телефонски разговор со мистериозна девојка од Источна Европа. Како што покажуваат и новооткриените документи до кои дошле американските медиуми, тој на психологот во затворот му рекол дека не е тип на човек кој може да се самоубие и дека бил премногу слаб за такво нешто.

Како што пренесува „Дејли мејл“, Епстајн лажел дека сака да ѝ се јави на неговата одамна почината мајка. Вистината е дека тој и се јавил на неговата девојка во Белорусија и тоа неколку часа пред да го изврши наводното самоубиство, покажуваат новооткриените документи.

Во повеќе од 2000 страници на документи од Федералното биро на затворот BOP, во кои неодамна увид имаше „Њујорк тајмс“, неколку дена во пресрет на судењето на неговата наводна соработничка Гилејн Максвел, откриваат дека Епстајн бил измамник до последниот ден.

Вечерта на 10 август 2019 година, управникот на одделението на Казнениот центар Менхетен, му помогнал на Епстајн да телефонира. Повикот не бил евидентиран, а Епстајн на управникот му кажал дека сака да се јави на неговата мајка.

Вистината е дека мајката на Епстајн е почината уште во 2004 година, а тој и се јавил на неговата девојка од Белорусија, 30 годишната Карини Шулијак. Со неа зборувал околу 15 минути. Епстајн ѝ помогнал на Карини да заврши стоматологија, пренесува „Дејли мејл“.

За време на разговорот, како што пренесува „Њујорк тајмс“, тој не дал знаци дека сака да изврши самоубиство. Тоа се вклопува со остатокот на некласификуваните документи, вклучувајќи го и извештајот за клиничка интервенција, кој е откриен откако „Тајмс“ поднел тужба поврзана за Законот за проток на слободни информации.

Извештајот е заведен на 11 јули 2019 година, а во него е наведено дека Епстајн продолжува да ги негира идеите, намерите или плановите за самоубиство.

„Немам причина да се убијам“, му рекол Епстајн на затворскиот психолог, според овие документи. Исто така рекол дека е кукавица и дека не ја сака болката.

„Никогаш не би си го направил тоа“, рекол Епстајн.

Како што покажуваат документите од 10 јули, Епстајн исто така го прашал психологот зошто мисли дека тој сака да се убие.

„Не сум тип кој би извршил самоубиство. Никогаш нема да бидам“, му рекол Епстајн.

Во другите психолошки проценки, неколку дена по неговото пристигнување во затворот во Њујорк, Епстајн рекол дека е забавно да биде жив. Исто така побарал да разговара со својот адвокат, да ги измие забите и да се истушиура, а психологот приметил и дека имал смисла за хумор.

„Беше ориентиран кон иднината“, навел психологот, додавајќи дека педофилот негирал дека некогаш сексуално злоставувал било кого и дека верувал дека ќе го пуштат по повторното сослушување за кауица.

Но, за помалку од месец дена, Епстајн бил пронајден обесен со чаршав во неговата ќелија во која го чекал судењето за заведување на малолетнички. Тој се соочуваше со казна затвор од 45 години.

Епстајн беше уапсен во Њу Џерси на аеродромот Тетерборо, по враќањето од Париз во јули 2019 година. Две години по неговото самоубиство, федералниот затвор беше затворен, поради, како што беше наведено, нарушени безбедносни мерки и инфраструктура. Ова место претходно важеше за најбезбедниот затвор во земјата.

Затворениците 223 на број, беа префрлени во затворот во Бруклин, каде што беше сместена неговата наводна соработничка Гилејн Максвел.

Обвинетата навела дека Епстајн завел десетина тинејџерки во периодот во 90-те и почетокот на 2000 година. Тој им ги нудел на неговите пријатели милијардери во неговата вила на Менхетен, имотот во Палм Бич или на приватниотостров Сент Томас.

За возврат, на девојките им давал по стотина долари во кеш, велат од обвинителството. По неговото затворање, 66 годишниот Епстај голем дел од времето го минува во собата за разговор со адвокати и психолози, за да ја избегне својата валкана ќелија. Се жалел дека бил вознемируван поради носењето на портокаловата затворска униформа и затоа што го третирале како лошо момче. Исто така се жалел и на тоалетот во неговата ќелија. Имал потешкотии со спиењето, трнење на неговата десна рака и чувство на студ во ќелијата.

„Тајмс“ наведува дека извештајот не успеал да докаже теорија на заговор дека смртта на Епстајн не е самоубиство или дека некој му помогнал да се убие. Сепак, детално е објаснето како педофилот постојано ги лажел затворските власти и ги убедувал сите со кои контактирал во периодот од тие 36 дена во притвор, дека има за што да живее.

Судијата на 18 јули го одбил неговото барање за кауиција, а речиси недела дена подоцна на 23 јули, Епстајн се обидел за првпат да изврши самоубиство, пренесува „Дејли Мејл“. Тој бил ставен под надзор, кој му бил укинат на 31 час по тој обид и повторно бил испратен на психолошка проценка.

Меѓу другото, во документите до кои стигнал „Тајмс“, со портокаловите букви напишани: Задолжително проверувајте го Епстајн на секои 30 минути. Нема податоци кои објаснуваат зошто тој натпис е вклучен во документите, а BOP не одговорил на тоа прашање.

Не се знае кога настанал знакот, кој го напишал и зошто.

Епстајн бил вратен во ќелијата на 30 јули, а цимер му бил Ефрајн Рејс, на кого му се пожалил дека премногу зборува и дека не може да спие од него. Рејс на 9 август бил префрлен од затворот на Менхетен, а тој ден Епстајн се сретнал со адвокатите, затоа што федералниот жалбен суд објавил околу 2000 страници на доверливи документи за употреба во тужбата за клевета против Максвел, наведува „Тајмс“.

Следниот ден во 6 и 30 часот, Епстајн го извршил самоубиството. Тој бил прогласен за мртов еден час подоцна. Иако никогаш не стигнал до судењето, на неговата поранешна партнерка Максвел ќе и почне судењето на 29 ноември, под обвинение за заведување на малолетнички, заговор за заведување и претходни обвиненија наназад со децении за лажно сведочење.

Таа е во затворот во Бруклин откако беше уапсена во јули минатата година, кога се изјасни и дека не е виновна. Вирџинија Џуфре Робертс, е една од најпознатите жртви на Епстајн. Таа нема да сведочи на судењето, иако ги именуваше оние кои имаа удел во неговиот ланец на проституција.

Не е познато зошто таа нема да сведочи. Вирџинија ја опишала Максвел како чисто зло.

„Епстајн беше болен педофил, но, Максвел беше мозокот на целата операција“, рече таа.

Вирџинија во претходните нејзини интервјуа, рече дека Епстајн заедно со Максвел им ги нуделе девојките на голем број моќни луѓе. Меѓу нив бил и британскиот принц Ендру, адвокатот Ален Дершовиц, поранешниот гувернер на Њу Мексико Бил Ричардсон, поранешниот лидер на демократското мнозинство во Сенатот, Џорџ Мичел, покојниот научник на МИТ, Марвин Минскиј и коосновачот на модната агенција МC2 Жан Лук Брунел.

 

 

.

Scroll to Top