Огромен астероид се приближува кон Земјата, ако го забележите, не гледајте директно во него, предупредуваат од НАСА

Огромен астероид од 130 метри, се движи со голема брзина кон Земјата, предупредија од НАСА. Астрономите проценуваат дека астероидот би можел да удри во планетата и да предизвика енергија еквивалентна на 77 мегатони ТНТ експлозив.

Ова е 1,5 пати посилно од бомбата „Цар“, најголемото нуклеарно оружје некогаш тестирано. НАСА ги има сите податоци за неговата патека на движење. Тој е откриен на 28 ноември 1994 година, а огромната вселенска карпа е означена со името 1994 ВР12.

Од НАСА очекуваат метеорот да помине покрај планетата во наредните неколку часови на оддалеченост од 4 милиони километри, но експертите велат дека сударот со астероид кој ќе влезе во нашата атмосфера во одреден момент е неизбежен.

Нивниот совет е доколку го забележите било каде, да не гледате директно во него, затоа што може многу лесно да ви ја оштети мрежницата на окото.

 

Scroll to Top