Бредли Купер бил нападнат со нож кога одел да си ја земе ќерка си од училиште

Глумецот Бредли Купер откри дека пред 2 години бил нападнат со нож кога тргнал да ја земе ќерка си од училиште. Toj во поткастот на Декс Шепард, Armchair Expert, рече дека во октромври 2019 година бил нападнат во подземната железница во Њујорк.

„Во мене беше вперен нож. Беше прилично лудо. Сфатив дека премногу се опуштив во градот. мојот град беше опуштен“, рече глумецот.

Иако на почетокот мислел дека лицето сакало да се фотографира со него, тој бргу сфатил дека средбата не била пријателска и дека човекот покрај него немал добри намери.

„Се свртев и кога погледнав надолу, видов нож. Го кренав погледот и го видов лицето пред мене. Се изненадив кога видов колку е млад“, рече Купер.

Глумецот рече дека во тој момент имал слушалки во ушите и дека не можел да го чуе што му зборува. Тој објасни како со лакот успеал за момент да го собори, но и дека му побегнал. Купер рече дека успеал во тој момент да направи и неколку фотографии, кои им ги покажал на полицијата.

„Додека зборував со полицијата, тие постојано ме прашуваа дали сум прободен“, рече Купер објаснувајќи дека луѓето често во вакви ситуации завршуваат со повреди, но не забележуваат затоа што се во шок.

Тој им рекол дека не е повреден и се вратил со подземната железница за да ја земе ќерка си.

„Се вратив со подземна железница и ја зедов ќерка ми. Беше лудо“, рече Купер, кој вели дека не бил ни свесен што можело да се случи.

 

 

Scroll to Top