(Фото) Петре Шилегов се присети кога бил млад, со долга коса и ќе го бркале од школо

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов објави фотографија од младоста. Од времето кога учел во средното економско  „Борис Кидрич“.

„Пред само пар година за нас“, напиша Шилегов за фотографијата за која доби многу коментари како: „Одма се познава дечко од скопски асвалт. Петре бе ти си?“, му пишуваа.

За пораншниот скопски градоначалник Петре Шилегов не е тајна дека има бунтовен карактер. Ретко кој знае дека на времето ќе го бркале од средното економско училиште „Борис Кидрич“ оти имал долга коса.

„Ќе ме исклучуваа тогаш, наставници, па директорот… сите. Па долгава коса ја скратив да биде панкерска. Сите со плава кецела на школо, ја со работнички мантил. Ама ете, тоа е таа бунтовност што ја имам од дете и ме следи цел живот“, раскажува тогаш Шилегов.

Одвреме-навреме вози тротинет по Скопје, а понекогаш објавува и по некое селфи на Инстаграм.

Тој ни кажа дека рокенролот е приказна што му лежи, оти е дете на 80-тите.

„Јас сум рокенрол-тип, сакам и блуз и искрено не сакам турбо-фолк. Тоа секогаш ми било испод радар“, ни рече тогаш Шилегов.

https://reporter.mk/tv/sam-si-gi-peglam-koshulite-oti-majka-mi-taka-me-nauchi-iskreno-so-petre-shilegov-2/

Scroll to Top