(Фото) Италијанец си купил лажна рака на интернет па отишол да се вакцинира со неа

Италијанец купил жална рака па отишол да се вакцинира со неа, мислејќи дека на тој начин ќе ја избегне вакцинацијата, пренесуваат италијанските медиуми. Тој сакал да добие потврда за вакцинација против ковид, а не сакал да ја прими вакцината.

Мажот кој бил на возраст во 50 години, дошол со силиконска рака, која ја покрила неговата вистинска рака, надевајќи се дека лекарите нема да забележат. Но, медицинската сестра го открила и го пријавила во полиција.

Таа на медиумите им рече дека кога му го тргнала раковот, забележала дека кожата е гуместа и ладна, а пигментот премногу светел. Откако го открила тој се обидел да ја убеди да го пушти, но, наместо тоа таа го пријавила во полиција за измама, пренесува La Republika.

Медиумите пренесуваат дека ова не е единствен случај, укажувајќи на пораката која почнала да се шири на социјалните мрежи со фотографија од силиконско машко торзо со гради, кое се продавало заедно со лажна рака и врат, предмет кој може да се најде на „Амазон“ за 488 евра.

„Ако појдам со вакво нешто, дали ќе забележат? Можеби под овој силикон ќе облечам уште нешто за да избегнам да ме допре иглата“, била пораката која се ширела на „Твитер“ со фотографијата.

Овој инцидент се случил за време на заострување на мерките во Италија, за оние кои не се вакцинирани. Од август на Италијаните им е потребна ковид-пропусници која подразбира доказ за вакцинација, негативен тест или оздравување од вирусот. Без таквата пропусница никој не може да ма пристап до железничките станици, кината, рестораните, теретаните и базените.

Од понеделник и овие активности ќе бидат ограничени освен за оние кои ќе имаат супер зелени пропусници, која ќе можат да ја добијат ако се вакцинирани или од неодамна оздравеле од коронавирусот.

 

 

 

Scroll to Top