„Врба“ на Манчевски освои три награди на два реномирани филмски фестивала

„Врба“ на режисерот Милчо Манчевски, викендов освои три награди на два реномирани филмски фестивали, во Њујорк и во Атина. „Врба“ е избран за најдобар филм, а глумицата Наталија Теодосиева ја доби наградата за најдобра актерка на „Атина маратон филм фестивал“. Наталија е избрана за најдобра глумица и на фестивалот „Акрос глоуб филм фестивал“ што се одржува во Њујорк.

„Врба“ имаше светската премиера на филмскиот фестивал во Рим во 2019 година. Досега филмот освои награди на голем број фестивали во светот Во интервју за „Репортер“ неодамна, режисерот зборуваше за филмот. Тогаш рече дека очекувал многу поголем светски успех на „Врба“ да не се случеше пандемијата.

Филмот „Врба“ е шести филм на Манчевски. Пролетва, Милчо го сними своијот седми филм, црната комедија „Кајмак“, која во моментов е во постпродукција и ќе има премиера 2022 година.

 

Scroll to Top