Швајцарија ја одобри првата капсула за евтаназија. Таа веќе беше позната земја во која може да се изврши таканареченото потпомогнато самоубиство, но, сега се отиде и чекор понапред со производство на 3D капсула наменета исклучиво за оваа намена.
Машината за самоубиство, наречена „Сарко“, го помина сите потребни законски проверки во Швајцарија и треба следната година да влезе во употреба, соопштија нејзините творци.
Во Швајцарија еутаназијата е легална, а минатата година 1300 луѓе се одлучиле на таков чекор. На овие пациенти им се вбризгува натриум пентобарбитал, по што тие влегуваат во длабока кома и потоа умираат.
Доктор Филип Ничке, автор на капсулата „Сарко“, сега вели дека има и друг пристап како на клиентите да им обебеди лесна смрт, без никакви наркотици. Машината може да се управува од внатре, дури и само со трепкање. Работи на начин на кој што се намалува нивото на кислород.
Процесот трае помалку од 1 минута, а смртта се јавува низ хипоксија и хипокапнија, која има за цел да овозможи лицето да умре релативно мирно и безболно. Машината за самоубиство е креација на доктор Филип Ничке, наречен „Доктор Смрт“, кој е директор на непрофитна организација Exit International, која се залага за легализација на доброволна еутаназија и потпомогнато самоубиство.
Sarko, e кратенка за саркофаг, дизајниран да може да с епостави на било која локација по желба на корисникот, а потоа биоразградивата капсула може да се одвои од базата и да послужи како ковчег. Машината е критикувана поради нејзиниот футуристички дизајн, за кој некои велат дека го гламуризира самоубиството, но и дека поради пратечките апликации на виртуална реалност, им овозможува на луѓето да ја искусат сопствената виртуелна смрт.
Во моментов постојат само 2 прототипа, но, се работи и на 3 машина која ќе биде подготвена за употреба следната година. Ничке рече дека планира да ја направи оваа технологија бесплатна.