Откако германската канцеларка Ангела Меркел замина во пензија, по 16 години раководство му ја предаде Сојузната канцеларија на нејзиниот наследник Олаф Шолц.
Меѓу другите, и шведската компанија „Икеа“ ја испарти Ангела Меркел во пензија. Фирмата ѝ оддаде почит на поранешната германска канцеларка со реклама што денеска се појави во два германски дневни весници – „Зидојче цајтунг“ и „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.