Глумицата Џенифер Анистон рече дека го напуштила снимањето на филмот „Пријатели“, затоа што била ѝ бил премногу вознемирувачки. Таа во интервју за The Hollywood Reporter откри дека била толку преплавена со емоции што неколку пати морала да го напушти сетот.
„Мислам дека бевме многу наивни кога влеговме во тоа, велејќи си леле колку ќе биде забавно, повторно ќе ги видиме сетовите онака како што беа. Но, кога дојдов таму се изненадив“, рече Анистон и додаде дека можеби требало и тој дел да го има во филмот.
Анистон и претходно рече дека ѝ паднало емоционално тешко повторното собирање со своите пријатели, па во еден момент почнала и да плаче.
„Многу од работите се променија, а секој од нас тргна во различни правци, некои потешки, некои полесни, за секој од нас“, рече Анистон.
Таа се сети и на глумачката кариера по снимањето на серијата „Пријатели“ и рече дека животот и отишол во сосема поинаков правец од оној кој го планирала.
„Сите имавме идеја како ќе ни изгледа иднината и на што ќе се фокусираме. Но, потоа работите се сменија преку ноќ. Но, еве, да не се случеше сето тоа што се случи, немаше денес да седам тука со вас“, рече Анистон, која на крајот се осврна и на бракот со Бред Пит.
„Незгодно е јавно да се минува низ некои мрачни ситуации од својот живот. Но, јас имав избор. Можев да се кријам и да живеам под прекривката или да продолжам да живеам и да напредувам, нешто и што го направив. Првите промени ми се случија со филмот The Break-Up“, рече Анистон.