Доктор Дре се разведе по 24 години, па направи забава да прослави: Конечно слободен

Американскиот рапер и продуцент Д-р Дре се разведе од Никол Јанг по 24 години брак, па направи голема забава по тој повод. Веста ја објави неговиот пријател Брејон Прескот, кој сподели фотографии од забавата.

„Д-р Дре ми кажа дека конечно се развел! Честититки“, напиша тој под фотографијата.

Доктор Дре и неговата поранешна сопруга важеа за еден од похармоничните парови во Холивуд. Тие имаат две заеднички деца. Никол се обидела од разводот извлече неколку милиони евра, со оглед на тоа дека богатството на раперот се проценува на околу 800 милиони евра.

За потсетување, во средината на 2021 година, ќерката на раперот тврдеше дека нејзиниот татко одбил да ѝ помогне финансиски, па таа како бездомник морала да живее во изнајмен автомобил. Таа моментално работи како доставувач и магационер, но сепак тоа не е доволно за да си дозволи стан во Калифорнија. Исто така, има и четири деца.

 

Scroll to Top