Пејачот Горан Тонев в петок, 17.12.2021, од 20 часот, во MADISON Garden до Театар „Комедија“, ќе ја промовира новата песна „Не можеш без мене“. На промоцијата ќе присустват голем број пријатели, музички соработници и претставници на медиумите.
Водител на промоцијата ќе биде познатото ТВ-лице Ведрана Ѓорѓевиќ. Автор на музиката и аранжманот е Димитар Андоновски, а текстот е на Роберт Ристов.
Видеото го сними ARTISTIC Production заедно со актерот и режисер Ристов. Спотот се снимаше две ноќи на локации во Скопје и Кавадарци. Покрај Горан Тонев, во него се појавува и младата актерка Изабела Јакимова.
За потсетување, Тонев дебитира на „Макфест“ во 2020 со песната „Mојa и твој“ на Робертo Поп Димитров. Во моментт е актуелен натпреварувач во „Ѕвездите на Гранд“ во тимот на Цеца и Ивана Петерс.