Возачот во Формула 1, Луис Хамилтон, официјално стана витез на Обединетото Кралство. Титулата му ја врачи престолонаследникот, принцот Чарлс, во замокот Виндзор. Со Луис на церемонијата беше мајка му Кармен.
Хамилтон ја доби титулата сер и стана четврти Ф1-возач во историјата со ваква чест по Џеки Стјуарт, Џек Брабам и Стерлинг Мос.
Витешката титула Хамилтон ја доби три дена по пропуштената можност осми пат да стане шампион во Ф1. Тој заврши втор на трката во Абу Даби и ја загуби титулата во последниот круг затоа што пред финиш-линијата го престигна Макс Ферстапен, па тој стана шампион.
Хамилтон е корекордер по бројот на освоени титули во Формула 1 заедно со Михаел Шумахер. Тој ги држи рекордите по бројот на остварени победи и пол-позиции.