Киелини ќе престане да игра фудбал ако Италија не се пласира на Светското првенство

Италијанскиот репрезентативец и легенда на Јувентус, капитенот Џорџо Киелини, ќе ја заврши кариерата ако „аѕурите“ не се пласираат на Светското првенство во 2022 година во Катар, пишува „Газета дело спорт“.

Тој летото го обнови договорот со Јувентус до крајот на сезоната 2022/2023 за да биде физички спремен за Мундијалот. Бидејќи Италија не обезбеди директен пласман на првенството и ќе игра бараж, од кој може и да испадне, Киелини можеби и нема да се врати на теренот.

За потсетување, Италија првиот бараж натпревар го игра во Торино против Македонија. Ако победат, тогаш ќе се сретнат со победникот од натпреварот Турција – Португалија. Ако победат и на тој натпревар, ќе играат на Мундијалот. Натпреварите се во март.

 

Scroll to Top