Разголувањето на филм одамна не е табу кај нас. Ниту пак во театарот, каде голотијата е дел од актерската игра. Но, кога на времето Синоличка Трпкова се разголи во 1988 година за улогата на Азра во филмот „Дом за бесење“ од Емир Кустурица, не помина баш така незабележано и до толку прифатено. А во тоа време во Југославија, на големо се снимаа експлицитни сцени.
Кој се разголе од познатите македонски актерки на филмското платно:
Јелена Мијатовиќ во деведесеттите без проблем се разголи во „Самоуништување“, 1996 година.
Актерката Софија Куновска се соблече во 1998 година, во филмот „Збогум на 20-от век“, каде играше во една еротска сцена.
Актерката Јана Стојановска во „Сенки над Балканот“ беше гола, а сцените беа прогласени за брутални и прилично еротски.
Весна Станојевска и Филарета Атансовска, се соблекоа и глумеа лезбиска сцена во филмот „Сенки“ на Милчо Манчевски.
Ва филмот I Want You, на еден од водечките британски режисери Мајкл Винтерботом, Лабина Митевска глуми еден од главните ликови, покрај популарната Рејчел Вејс, и во неколку кадри се појавува сосема гола.
Актерката Верица Недеска се прослави во филмот „Караула“ на Рајко Грлиќ.
Камка Тоциновски имаше жешка секс сцена во „Панкот не е мртов“. Таа сними и жешка секс-сцена со српскиот пејач Реља Поповиќ за серијата „Беса“ која во моментов е хит во реагионот.
(Видео) Камка Тоциновски во жежок секс со српскиот пејач Реља: снимката ги подгреа социјалните мрежи