Пејачката и професор по виолина, Андријана Јаневска објави слика во кожена мини сукња и мрежести хулахопки, провокативно седната на скали. Новата фотка го привлече вниманието, па социјалните мрежи велат дека се пријатно изненадени, оти Андријана е секогаш скромна и умерена.
„Малку еротика пред празниците“, коментираат фановите.
Андријана, која скоро никогаш не објавува секси слики, неодамна наполни 40 години. Тогаш напиша дека е горда на тоа што постигнала во животот, дека најмногу се гордее на нејзините два сина, ама и дека е задоволна од нејзината убавина и што досега не направила никаква операција за разубавување.