Македонскиот голман Столе Димитриевски е избран за најдобар во првиот дел од сезоната во шпанската Примера. Тој во досегашниот дел од сезоната прима во просек по еден гол на натпревар и има оценка 6,9 според специјализираниот портал за фудбалска статистика „Хускорд“.
Зад Димитриевски останаа Тибо Куртоа, Јан Облак, Јасиф Боно, Марк-Андре тер Штеген.
Во формација 4-4-2, покрај репрезентативниот голман на Македонија се и Мафео (Мајорка), Едер Милитао (Реал), Гарсија (Осасуна), Алекс Морено (Бетис), Карлос Солер (Валенсија), Касемиро (Реал), Крос (Реал), Винисиус Жуниор (Реал) Фекир (Бетис) и Бензема (Реал).
Според истиот портал, клубот на Димитриевски, Рајо Ваљекано е најпријатното изненадување во првиот дел од сезоната.