Давид Дејвис, помошникот на Раул Гонзалес, е новиот тренер на Вардар

Давид Дејвис Камара (45) од Шпанија, по повеќе од двегодишна пауза повторно се враќа во Скопје, како нов тренер на РК Вардар 1961, соопштија од скопскиот клуб. Тој ќе го предводи тимот во пролетниот дел од сезоната.

„Дејвис ќе остане во Вардар до крајот на сезонава по што управата и тренерот ќе разговараат за продолжување на соработката, велат од РК Вардар.

Тој беше дел тимот во периодот од 2014 до 2018 година, кога заедно со Раул Гонзалес на клупа ја освоија првата шампионска екипа за „црвено-црните“, а играше и на Ф4 турнирот во Келн. Покрај тоа, работеше и со женскиот тим на Вардар. Потоа стана помошник во репрезентацијата на Русија, селектор на Египет, и најпосле тренер на Веспрем.

Претседателот на РК Вардар 1961, Михајло Михајловски, изјави дека е задоволен од крајниот исход.

„Имавме многу понудени опции и повеќе познати тренери, и им благодарам на сите кои изразија желба да бидат дел од Вардар. Се решивме за Давид Дејвис поради фактот што тој веќе претходно беше во Скопје како дел од Вардар, познава дел од играчите и работел со нив, нема јазична бариера бидејќи зборува и македонски, и претходно работел во систем и со систем кој донел одлични резултати“, вели тој.

Михајловски додаде дека покрај работата со првиот тим, Дејвис ќе биде задолжен и за координација со младите селекции на Вардар.

Scroll to Top