Новак Ѓоковиќ нема да настапи за Србија на АТП Купот

Светскиот рекет број1, Новак Ѓоковиќ, нема да настапи на АТП купот во Сиднеј, кое ќе започне на 1.јануари, објавија српскиот медиум „Блиц“.

„Новак 99 отсто нема да патува на АТП купот. Тренира овде (Белград) и реши да го пропушти ова натпреварување“, изјавил извор близок до најдобриот светски играч.

Покрај Ѓоковиќ и селекторот на Србија, Виктор Троицки ќе го пропушти АТП купот. Па така, за репрезентацијата на Србија во Сиднеј ќе настапат Филип Крајиновиќ, Душан лајовиќ, Матеј Сабанов, Никола Ќаќиќ и Никола Милојевиќ. Тие ќе играат против Норвешка, Чиле и Шпанија.

Иако Новак се откажа од учеството на АТП купот, сепак тоа не значи дека подоцна нема да отпатува во Австралија, за првиот гренд слем во сезоната, Австралија опен во Сиднеј на 17 јануари.Тој беше пријавен за Австралија Опен, но сè уште не е познато дали ќе настапува на овој турнир, поради тоа што играчите мора да бидат вакцинирани, а српскиот ас досега ниту еднаш не откри дали примил вакцина или не

Scroll to Top