(Видео) Наместо на Австралија опен, Ноле по фармерки играше тенис на улица во Белград

Додека целата спортска фела се прашува дали Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Австралија опен во Мелбрун, најдобриот светски тенисер реши да се опушти и да се загрее со тенис среде улица во Нов Белград. На социјалните мрежи се појави и видео како разменува удари, но нејасно е со кого.

За потсетување, вчера се појави информација дека Ѓоковиќ нема да игра во АТП купот, а неизвесноста околу неговото заминување во Австралија трае веќе неколку месеци. Причината за тоа е што Австралијците бараат задолжителна потврда за вакцинацијата на играчот, а Новак не сака да открие дали е вакциниран или не.

Досега девет пати го освои Австралија опен, а во Мелбурн треба да атакува на десеттата титула и рекордната 21. од Грен слем турнирот.

 

Scroll to Top