Новак Ѓоковиќ четврти пат е најдобар спортист во Европа

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, четврти пат е избран за најдобар спортист во Европа. Изборот се одржа 64. пат, а го организира Полската национална агенција (ПАП). Во жирито се новински агенции од цела Европа.

Во изборот во кој учествуваа 26 новински агенции, Ѓоковиќ, кој оваа сезона стигна до својата 20. гренд слем титула, победи со 172 поени, за четврти пат да ја освои наградата, по 2011, 2015 и 2018 година.

На второто место е Роберт Левандовски со 133 поени, додека на третото место, новиот Формула 1 шампион, Макс Ферстапен со 125 поени.

Scroll to Top