Вториот најбогат човек на светот, основачот на „Амазон“, Џеф Безос, деновиве ги минува на одмор со неговата девојка, познатата водителка Лорен Санчез. Двајцата беа видени како уживаат додека крстарат со јахта во водите околу островот Свети Вартоломеј.
Овој остров припаѓа на групата Мали Антили и е под суверенитет на Франција. Припаѓа на француските прекуморски територии, а од февруари 2007 островот има статус на прекуморска заедница. Наречен е по апостолот Вартоломеј.
За потсетување, Безос во 2019 година се разведе од Мекензи Безос, со која беше 26 години во брак. Заедно го имаат 21-годишниот син Престон.
Лорен досега се има свршено 5 пати. Со поранешниот Ентони Гонзалес го има 20-годишниот син, а со засега единствениот сопруг Патрик Витесело има 2 деца Евана (15) и Еленор Патрисија (13).