Веќе неколку недели српските медиуми пишуваа дека Богдан Илиќ, познат како Бака Прасе, планира да ја напушти Србија по самоубиството на инфлуенсерката Кристина Кика Ѓукиќ. Тој се огласи на Инстаграм и ги потврди овие тврдења.
„Ќе ви објаснам во видео сè, каде се преселив и што ќе правам во иднина“, истакна Богдан.
За потсетување, Бака Прасе и Кика се скараа пред две години, откако тој објави песна во која ја исмејуваше инфлуенсерката. Тој неодамна со солзи во очите ја раскажа својата страна од приказната и призна дека кога дознал за нејзината смрт, мислел дека тој е виновен поради провокациите што ги сторил против неа во минатото.
Тој тврди дека после јавната расправија, се смириле, а Кика му простила сè.
„Бев меѓу првите што дознаа за овој настан, бидејќи ми се јавија нејзини пријатели и ми кажаа дека јавно ќе ме поддржат околу вистината за целиот настан, но одбив бидејќи не сакам да бидам жртва. Жал ми е за тоа што се случи и што не објавив дека се помиривме и се дружевме. Жал ми е затоа што луѓето не ја знаат причината, а покажуваат со прст, на мртвите не им даваат мир и почит, само за да соберат неколку лајкови, критики, споделувања и морални поени“, напиша тој по смртта на Кика.