Во морето на настани кои ја одбележаа 2021 година, не е на одмет да се потсетиме и на некои необични, смешни, па дури и бизарни случни. Имаше вести за кои мислевме дека не се вистина или дека се работи за шега и сатира, но, брзо потоа се испостави дека биле жива вистина.
Танцот на инструкторката по фитнес за време на воен удар
Додека инструкторката по фитнес Кинг Хнин Ваи во Мјанмар танцувала и демонстрирала вежби за мускули пред камерите, не била свесна дека зад неа се одвива државен удар. Во кадарот се гледале конвојот на оклопни возила, но, тоа не ја спречина Кинг да продолжи со вежбите.
Во момент војската на Мјанмар спровела воен удар, го привела Аунг Сан Су Чи и другите демократски избрани лидери од истата партија.
Несреќниот крузер
Во март целиот свет со денови гледаше како крузерот „Евергивен“, еден од најголемите бродови со контејнери, се насука дијагонално во Суецкиот канал, правејќи огромно пореметување во светската глобална трговија.
Управата на Суецкиот канал побарала повеќе од 900 милиони долари оштета за операцијата спасување и за другите губитоци. Подоцна оваа сума ја спуштила на само 550 милиони долари.
Најмалку 300 бродови биле заробени и не можеле да го продолжат својот пат, а никој не се осуди да тргне по обиколниот пат околу Р’тот на добрата надеж во јужниот дел на Африка.
Не, Трамп не ги имаше облечено панталоните наопаку
На една снимка направена за време на државната конвенција на Републиканската партија во Северна Каролина, многумина забележаа дека поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, ги облекол панталоните наопаку.
Видеото за кратко време се рашири по социјалните мрежи, но, вистината е дека се работи за шега, поточно за монтажа.
Вистината е таму некаде
Теоретичарите на заговор, љубителите на научна фантастика и таканаречените уфолози, со децении очекуваат од американските власти да го признаат постоењето на вонземјани. Такво нешто не се случи, но, Пентагон обелодени дека американската морнарица снимила НЛО.
Тие снимиле непознат објект кој личел на пирамида и уште еден кој имал сферичен облик кој летал над два воени брода. Снимките биле направени со камери за ноќно гледање. Американските официјални лица признаа дека постојат некакви летечки објекти.
Тие признаа и дека не успеале да ги идентификуваат и дека не знаат со каква технологија се направени. Слично било и со долгоочекуваните објавени документи за убиството на поранешниот претседател Џон Кенеди. Засега не е откриено ништо нов, освен методите со кои ЦИА се служела за време на Студената војна.
Џон од Масачусетс, човекот кој го проголта кит
Мајкл Пакард, ловец на јастоги од Кејп Код, влезе во историјата откако беше проголтан од кит. Пакард нуркал недалеку од брегот Провинстаун, во Масачусетс, кога одеднаш здогледал кит.
„Се спуштив на 13 метри длабичина, кога одеднаш почувствував удар и се ми стана мрачно. Почувствував дека се движам и си помислив дека можеби ме каснала ајкула. Тогаш сватив дека нема заби, а не почувствував и никаква болка. Тогаш сватив дека ме проголтал кит“, рече Пакард.
Вистинска среќа од целата ситуација е што Пакард на крајот завршил само со повредено колено.
Дупката во Мексико
Огромна дупка со пречник од околу 60 метри се појави во мексиканскиот град Санта Марија Закатепек. Дупката направи вистинска паника кај населението, особено кај семејството чија куќа се наоѓала во близина. Тие биле веднаш евакуирани. Дупката била длабока 20 метри.
Жив и по 24.000 години
Научниците успеале да оживеат ротаторска манжетна, еден вид на без’рбетник, кој 24.000 години бил замрзнат во сибирскиот пермафост. Откако го стоплиле и нахраниле, ова животно оддеднаш стана активно, па дури почнало и да се размножува.
After 24,000 years in deep freeze in the vast permafrost lands of Siberia, a microscopic organism called the bdelloid rotifer has wriggled back to life and reproduced asexually https://t.co/Y1PhYJuKa7 pic.twitter.com/Z1yENmRo52
— Reuters (@Reuters) June 10, 2021
Златни чудовишта
Конзервационистите во Минесота, морале да ги замолат луѓето да прекинат со пуштање на рибите од аквариумот во езерата и реките, затоа што почнале да стануваат штетници и да ја нарушуваат природната рамнотежа.
Официјалните лица во Бернсвил, предградието на Минеаполис, споделиле на социјалните мрежи неверојатни фотографии од златни риби, со големина на рагби топка, кои биле откриени во езерото.
Двојниците Сунѓер Боб и Патрик
На длабочина од 1885 метри пронајдени се 2 суштества кои неверојатно личнат на популарните цртани ликови Сунѓер Боб и неговиот другар Патрик. Сепак научниците објасниле дека сунѓерите и морските ѕвезди не се пријатели, затоа што ѕвездите се хранат со сунѓерите.
Напад од шкорпиони
По силната бура која го погодила градот Асуан во Египет, се појавиле голем број на шкорпии кои усмртиле 3 лица, а стотина се здобиле со здравствени проблеми. Еден од официјалните лица во Министерството за здравство во Египет потврди дека повеќе од 450 лица пријавиле вакви убоди.
Никогаш не се знае што ќе добиете со пресекување на каменот ахат, но, никој не очекувал дека еден таков камен пронајден во Соледад во Бразил, ќе личи на ликот од „Улицата Сезам“.
Волшебникот кој остана без работа
Во градот Крајстчерч во Нов Зеланд, живеел волшебник со работен стаж од 23 години. Јан Бранкебери Ченел (88) годишно заработувал околу 9800 евра за изведување на волшебна магија и промоција на градот.
На крајот градоначалникот одлучил да му го раскине договорот, објаснувајќи дека градот ќе продолжи во една нова модерна и развојна насока.
На смртна постела признал дека извршил грабеж на банка
Сликите снимени со дрон, покажале дека слоновите спиеле во шума и одморале по поминати 500 километри. Патувањето првпат било забележано откако тие го напуштиле своето природно живеалиште во март 2020 година. Понекогаш нивното присуство во населените места предизвикувало штети во износ од 6,8 милиони јуани или 1,07 милиони долари.
President Biden says he expects gas prices will stay high until 2022.
“I don’t see anything that’s going to happen in the meantime that’s going to significantly reduce gas prices” #BidenTownHall https://t.co/2a7F6JKm0H pic.twitter.com/EOxLdHIgYa
— CNN (@CNN) October 22, 2021
Освен овој настан, тој остана запаметен и на самитот во Глазгов, каде се зборуваше за борбата против климатските промени, кога се појави во придружба на импозантни 85 возила. Обично бројот на возила кои го следат е 10.
Во борбата против климатските промени секогаш се истакнува дека треба да се намали емитувањето на емисијата на штетни гасови, помалку да се возат автомобили и да се избегнува летање со авион, но, се чини дека сето ова Бајден го игнорира.
Сепак највпечатлив беше моментот кога падна на скалите додека се качуваше во претседателскиот авион. Оваа ситуација се повтори дури 3 пати.