Познатиот комичар и дечко на Ким Кардашијан, Пит Дејвидсон, објави хумористично видео во кое наведе некои од своите новогодишни одлуки, меѓу нив беше и онаа дека ќе научи да зборува нов јазик.
„Ќе научам нов јазик. Некој тежок, како босански. Кој по ѓаволите знае босански?“ изјави Пит, на што американската пејачка Мајли Сајрус, која го придружува комичарот во спотот, му отпеа „Знам босански“.
„Зборува како Босанка, Мајли погоди. Зборуваше совршено“, „Ви благодарам Мајли и Пит, среќна Нова година од Босна“, „Малку сум навредена од коментарот на Пит, но Мајли го спаси“, „Те сакам, ти си најдобар“, „Испраќам многу љубов од Босна за Мајли, погоди со „Знам босански“, „Мајли знае дека во Босна се најдобрите мажи“, се само дел од коментарите.
https://www.youtube.com/watch?v=ITXMjdYZZJQ&feature=emb_rel_pause
Меѓу останатите новогодишни одлуки, тој наведе дека ќе почне да вежба, ќе дава повеќе пари за добротворни организации, дека ќе прочита неколку книги и списанија, додека во позадина Мајли пее дека тоа се „нереални одлуки“.