Традиционалниот гала оперски концерт за Василица што ќе се одржи в среда и четврток, 12 и 13 јануари, со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет (НОБ) е насловен како Viva l’opera“
Традицијата од пред повеќе од 25 години продолжува,а оваа година публиката ќе има можност да ужива во изведбите на едни од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите: Моцарт, Белини, Делиб, Пучини, Верди, Џордано, Леонкавало, Калман, Лехар, велат од НОБ.