Холивудскиот глумец Кијану Ривс (57) донирал 70 отсто од својата заработка од првиот филм „Матрикс“, за истражување со кое би се нашол лек за леукемија, пишува Дејли Мејл. Ривс од филмот снимен 1999 година заработил околу 35 милиони долари, а донирал околу 24.5 милиони од нив.
Актерот решил да донира за истражување за лек за леукемија поради неговата сестра Ким, која десет години се бори со малигната болест. Кијану го поминувал со неа секој момент, додека болеста конечно не дошла во ремисија.
Според странските медиуми, тој потрошил околу пет милиони долари на различни терапии за да ѝ помогне да закрепне.
„Таа секогаш беше тука за мене. Секогаш ќе бидам тука за неа“, реле Ривс пред неколку години.
Пред повеќе од 10 години, тој исто така основаше добротворна организација за да им помогне на луѓето кои се борат со ракот.
„Имам приватна фондација која помага во неколку детски болници и се занимава со истражувања поврзани со ракот. Не сакам да се поврзува моето име со неа, само сакам фондацијата да си ја врши својата работа“, рекол Кијану во едно интервју.