Баба изгорела 2.900 евра поради страв од корона

Една 74-годишна жена од Израел ставила речиси 2.900 евра во сад со „варикина“, па потоа и во микробранова печка за да ги дезинфицира оти се плашела од короната, откри Националната банка.

Кога сфатила дека ги изгорела, жената испратила писмо до банката и објаснила дека оштетените пари ги добила како кирија од своите станари, но се плашела дека преку нив може да се зарази со Ковид-19, па решила да ги дезинфицира. Таа до банката испратила повеќе од 70 оштетени банкноти заедно со писмото.

„Се чувствувам многу виновна, јас сум чесен граѓанин, кој никогаш не уништил пари“, се вели во пораката.

Истрагата на надлежните покажала дека банкнотите се вистински, па банката одлучила да ѝ ги замени со неоштетени.

Scroll to Top