Најпознатата плус сајз манекенка Ешли Греам утрово се породи со близнаци. Таа се породи дома во 40-та недела од бременоста. Таа пред две години го роди синот Исак.
Ешли ја сподели радосната вест на својот Инстаграм профил.
„Џастин и јас сме пресреќни што можеме да ви кажеме дека нашите момчиња пристигнаа. Родени се рано утрово, дома. Тие се среќни и здрави. Ќе ми треба малкu време да се опоравам по породувањето, но и се поврзам со сопругот и нашите три момчиња“, напиша таа.
Манекенката за време на бременоста објави неколку фотографии од нејзиниот стомак за што наиде на многу негативни коментари од жените.
View this post on Instagram