Најновиот филм за Спајдермен, „Spider-Man: No Way Home“ е најгледан филм во текот на изминатиот викенд во Северна Америка.
Филмот цврсто стои на врвот на листата филмови со најдобра заработка, остварувајќи профит од 33 милиони долари во текот на четвртиот викенд од прикажувањето. Досега има заработка од над милијарда долари на домашниот пазар и во светот, со што даде надеж за филмската индустрија која тешко закрепнува од страшните последици од пандемијата.
Во главната улога го гледаме Том Холанд. И претходните филмови за Спајдермен, со Тоби Мегвајер и Ендри Гарфилд беа на врвот на филмските листи.
На второто место се најде „Sing 2“ со заработка од 12 милиони долари, додека на третото место е премиерата на шпионскиот трилер „The 355“, со заработка од 4,9 милиони долари.