Секс сцената на македонската актерка Камка Тоциновски и српскиот пејач Реља Поповиќ од хит серијата „Беса 2“, веќе крена голема прашина и го привлече вниманието на публиката, пишуваат српските медиуми.
Популарниот изведувач на трап музика, Реља Поповиќ, наишол на позитивни коментари од публиката и филмските критичари по сцените во втората сезона од серијата „Беса“, особно интимните сцени со Камка Тоциновски. За ова зборува и режисерот Милан Тодоровиќ .
„Реља стана мојот омилен домашен актер. Никогаш претходно не сум слушнал за него. Кога ми кажаа дека тој бил во групата „Елитни одреди“, прво што прашав беше: „Луѓе, како тој ќе толкува толку важна улога“. По снимањето се прашував зошто тој не глуми во секој домашен филм или серија. Тој е феноменален актер. Дојде на снимање подготвен“, рекол Милан и додал:
„Кога ги снимаме интимните сцени, сите кои немаат потреба да бидат на сетот излегуваат. Потоа правиме пробно снимање кога актерите се облечени, а потоа се соблекуваат. Мене тие сцени ми се најтешки за работа. На крај, актерите немаат ништо на себе, а јас морам да им кажувам дали можат малку подобро да водат љубов или да го намалат доживувањето. Да е филм, би ги тргнал и чаршафите, но кога правите серија, немате можност да го направите тоа. Серијата се прикажува на телевизија, а мора многу работи да бидат сокриени. Беше страшно бидејќи и мене и на Реља тоа ни беше првата сцена во серијата. Меѓутоа, откако тоа го тргнавме од дневниот ред, па Камка и тој станаа поблиски во продолжението на приказната“, открил режисерот.
Веќе првиот ден Поповиќ морал да се ослободи од тремата, а според мислењето на колегите сѐ му одело од рака, особено уверливоста и емоциите во кадровите.
Камка ја толкуваше една од главните улоги во филмот на Милчо Манчевски, „Врба“, а се зборува дека ќе има улога и во најновиот негов филм „Кајмак“.
(Видео) Камка Тоциновски во жежок секс со српскиот пејач Реља: снимката ги подгреа социјалните мрежи