Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро е пред банкрот. Тој по смртта на татко му Даниел дознал дека татко му должи речиси 30 милиони евра, пари што славниот тенисер ќе мора да ги плати на банки и лихвари. Даниел, кој се грижел за финансиите на тенисерот, им останал должен на банките бидејќи не управувал правилно со парите. Најмногу средства вложил во фабрика за здрава храна, која на крајот пропаднала.
Според аргентинските медиуми, на Дел Потро ќе му останат само 10 отсто од парите што ги заработил во својата тениската кариера.
Во Тандил, градот во кој е роден Дел Потро, не се изненадени од приказните за банкротот и велат дека сите занеле за финансиските проблеми на Даниел дел Потро.
„Сите знаеме за проблемите што Хуан ги наследи од татка си, само не ја знаеме точната цифра. Хуан се крие од јавноста. Беше тука пред крајот на годината, но се сретна само со една жена што сакаше да се види со него. Сите други ги одби“, рекол за аргентинските медиуми анонимен извор.
Според официјалните податоци, Хуан Мартин дел Потро само од награди на тениските турнири заработи приближно 20 милиони евра. Остатокот од парите што ги заработил се од спонзорски договори.