Пивото спречува срцеви заболувања

Пиењето пиво благотворно влијае на човековото здравје. Ова го покажало најновото истражување објавено во списанието „Нутришнтс“.

Според истото, пивото штити од кардиоваскуларни болести и може да помогне при случај на дијабетес кај мажите. Пет од шесте анализи покажале дека пивото може да спречи срцеви заболувања, но кај луѓето кои пиеле 0,35 литри дневно.

Луѓето кои не пијат пиво имаат значително поголема веројатност да развијат абнормална регулација на шеќер во крвта, во споредба со оние кои пијат пиво повремено, се посочува во истражувањето.

Умерената употреба е клучна. На жените им се препорачува да пијат по едно пиво дневно, а на мажите најмногу две. Анализите се направени во Шпанија во периодот од 2007 до 2020 година.

Исто така во истражувањето е наведено дека за позитивните последици се одговорни хранливите материи во пивото, а не самиот алкохол.

 

Scroll to Top