Судот одлучи Ѓоковиќ да ја напушти Австралија, тенисерот рече дека е разочаран, но нема да се жали

Новак Ѓоковиќ нема да настапи на Австралија Опен, откако Федералниот суд во Австралија ја отфрли неговата жалба за да му биде укината визата.

Тројца од судиите едногласно ја донеле одлуката и сега Ѓоковиќ ќе мора да ја напушти земјата, но и да ги плати трошоците за судењето.

Адвокатите на Ѓоковиќ претходно поднесоа претходно жалба по одлуката на австралискиот министер да му биде укината визата.

Судот ги повика во следните триесетина минути да го известат за следните активности и околу тоа дали ќе има нови поднесоци, но речиси по објавувањето на одлуката, стигнаа и најави дека Ѓоковиќ за неколку часа ќе патува за Србија.

„Би сакал да дадам изјава која се оденсува на денешното рочиште. Ќе земам еден период за да се одморам пред да коментирам повеќе на оваа тема. Исклучително сум разочаран од одлуката на судот да ја одбие мојата жалба со што сум спречен да останам во Австралија и да настапам на Австралија Опен. Ќе ја почитувам одлуката на судот и ќе соработувам со надлежните околу моето напуштање на земјата. Жал ми е што фокусот во последните десетина дена беше на мене, се надевам дека сега фокусот ќе биде на турнирот“, рече Ѓоковиќ.

Тој им посака среќа на сите учесници на Австралија Опен и се заблагодари на семејството, пријателите и фановите кои му даваа поддршка во текот на целиот
процес.

Scroll to Top