Група арамии провалиле во домот на познатата американска глумица Лори Лохлин и успеале да ѝ украдат накит вреден милион долари. Грабежот се случил во време кога Лори и нејзиниот сопруг Мосимо Џианули биле излезени.
Полицијата објави дека не се сигурни дали Лори и сопругот биле мета на криминалци или станува збор за вообичаен грабеж. Официјалните лица веруваат дека арамиите се од Јужна Америка и дека веројатно веќе го напуштиле САД.
Глумицата и модниот дизајнер по грабежот го зајакнале својот безбедносен систем. Нивните портпароло за медиуми рекоа дека се благодарни што во тоа време немало никој дома, па е избегнат поголем инцидент.
Тие рекоа дека Лорин во моментов се уште е потресена од смртта на нејзиниот колега од серијата „Полна куќа“, Боб Сагет и дека не ѝ била важна загубата на накитот.
„Губењето на Боб и ги отвори очите на Лори дека нејзиното семејство и пријатели се оние кои се најважни во животот“, рекоа тие.
За потсетување Лори и нејзиниот сопруг излегоа од затвор, откако ги отслужија казните за давање мито за да нивните ќерки одат на престижни универзитети.
Во 2020 година Лори се согласила да ја плати казната од 150.000 долари и да биде 2 години под надзор, како и дополнителни 100 часа работа за јавно добро.
Нејзиниот сопруг доби 5 месеци казна затвор, казна од 250.000 долари и 250 часа работа за јавно добро.