Најевтини дестинации за скијање во Европа во 2022 година

Иако не се популарни како швајцарските, австриските или германските ски центри, сепак, постојат неколку дестинации во Европа, кои се евтини, а сепак подеднакво добри. Според цената на ски-картата, сместувањето и храната тур-оператерите ги избраа најевтините, а сепак популарни дестинации за скијање за 2022 година.

Полска

Зиелениец

Во Полска има многу ски-центри, но она што недостига се малку повеќе патеки за деца. Тоа сепак не значи дека полските скијачки центри не се создадени за семејно зимување.

Еден од најпопуларните скијачки центри во Полска е Зиелениец. Тука можете да скијате од ноември до почетокот на мај. Трошокот за еден ден скијање, вклучувајќи и два 2 часа по скијање со инструктор чини околу 40 евра по лице. Сместувањето е евтино и може да се најде и за 5 евра по лице во хостел сместен меѓу планини, а во хотел и за 15 евра.

Популарна дестинација е и Закопане, на неколку километри од аеродромот во Катовице. Иако е поскап од Зиелениец, поевтин во споредба со Австрија или Италија.

Чешка

Шпиндлеров млин

Одлично место за скијање во Чешка е областа Јестед, на северот на земјата, а во близина на Прага. Скијалиштето Шпиндлеров Млин нуди 25 километри падини. Главните одморалишта ги вклучуваат Харачов, Рокитнице и Пасеки над Јизеру, Рејдице и Причовице.

Покрај класичното скијање и сноубординг, планинските хотели во Чешка нудат и бањи и велнес центри по ниски цени, но и авантуристички паркови. Забавниот парк во Шпиндлеров Млин, еден од најголемите центри за лизгање.

Романија

Појана

Во Романија билетот за скијање чини помалку од другите центри во Европа. Идеални места се планините Поставарул и Бучеги, на границата меѓу Трансилванија и Влашка. Најпознат и најпопуларен ски-центар е Брашов со 40 километри падини кои се спуштаат по Карпатите. Цената за една недела зимување тука чини околу една четвртина од она што би платиле во друго зимско одморалиште.

Во Брашов, кој е на околу 20 километри од ски-центарот, изнајмување опрема, ски карта и јавен превоз до Појана, дневно чини околу 40 евра. Во Појана има падини за сите нивоа на спремност, вклучително и патека од 5 километри за ски-експерти.

На источните Карпати најдобри скијачки центри се Пјатра Неамт, Ватра Дорнеи и Дурау. Азагу е одлични патеки за деца и за почетници.

Словенија

Крањска гора

Скијачката област Канин е поврзана со скијачката област Села Невеа во Фриули. Можете да скијате и во Марибор, каде има ски патеки од над 40 километри. Крањска Гора е најпознатиот ски-центар во земјата, поради патеките на кои се скија и Светскиот куп. Тука се Вогел и Рогла кои се со особено ниски цени.

Чернко е најновиот словенечки ски-центар кој има 20 километри скијачки патеки поврзани со модерни лифтови, а ако нема природен снег, постои можност планината да се покрие со вештачки снег.

Scroll to Top